
Разврската на настаните околу случајот на рекетирање на македонски бизнисмени и злоупотреба на Специјалното обвинителство во спрега со партијата СДСМ и Зоран Заев не е ни во првата фаза. Јавноста со право очекува многу одговори и брза истрага. Власта и Заев со цел да се спасат одолговлекуваат и ќе направат сè да поминат со што помалку штета, но вистината ќе излезе на виделина, пишува во својата најнова колумна за Независен потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Тој открива дека вкупната сума на побарани и добиени средства надминува 20 милиони евра.
„Она што ќе излезе, а сакам со вас да го споделам, е дека не еден, туку многу македонски бизнисмени се рекетирани, а вкупната сума на побарани средства и добиени надминува 20 милиони евра. Тоа била една детална операција сработена од врвот на СДСМ во која овие што сега се обвинуваат, како и специјалната обвинителка, се само дел од извршителите. „Проектот“ бил долго и систематски подготвуван и имал за цел сериозна имотна корист за врвот на СДСМ преку злоупотреба на правосудниот систем. Во овој момент голем дел од бизнисмените се под директна закана на власта на Заев и се плашат јавно да проговорат. Исто така, се плашат да говорат и пред обвинителството кое ја води истрагата, но со промената на власта и ослободување од стегите и притисоците ќе проговорат и овие луѓе за тоа со што се соочиле да ги изгубат слободата, бизнисите и семејствата“, подвлекува Николоски.