
Најголемата добивка во историјата на италијанската лотарија SuperEnalotto, во износ од 209 милиони евра е извлечен во средата, а лозот е купен во местото Лоди близу Милано.
Лозот која му донела огромна сума, добитнкикот ја купил за само 2 евра во барот „Marino“ во местото Лоди, а му донела вкупни 209.160.441 евра, пишува агенцијата Ansa.
Оваа добивка ги надмина добивките на лотариите Euromillions и Eurojackpot, чии најголеми износи беа 75 милиони евра, но и американските Mega Millions и Powerball, каде што се извлечени добивки од 65 и 138 милиони долари, односно околу 58 и 123,5 милиони евра.
Среќни броеви за анонимниот добитник бил 7, 32, 41, 59, 75 и 76.
Џуљелмо Поџи, сопственик на барот за италијанските медиуми изјавил дека „нема поим“ кој го купил лозот.
„Денес беше гужва преку целиот ден, луѓето постојано доаѓаа и купуваа лозови“, рекол Поџи, несокривајќи го задоволство што токму тој го „испечатил“ добитниот лоз.