
Шефицата на кабинетот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во текот на денешниот ден, била сослушана во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, објави ТВ „Телма“.
Таа е трет вработен во СЈО кој дал исказ во рамки на истрагата за случајот со рекетот во кој осомничени и притворени се Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески викан Кичеец.
Од обвинителството не откриваат детали од распитот во интерес на истрагата, се вели во информацијата на „Телма“.
Досега не е повикана специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева, чиј глас се слуша и во италијанските „бомби“.
Денеска требаше да сведочи и обвинителот надлежен за случајот Поштенска Банка на СЈО, но поради обврски на рочиште за предметот ТНТ, Бурим Рустеми го одложи сведочењето за утре.
Досега сведочеа и обвинителките во СЈО, Лиле Стефанова (надлежна во случајот Империја) и Елизабета Јосифовска (заменик на Јанева во СЈО која потпишала решение за отфрлање на притвор за Орце Камчев).