
Блескава бела огнена топка се спушта низ небото над египетската пирамида, кога одеднаш белата топка пука и тргнува во спротивна насока од вселенската карпа.
Видеото е снимено од турист и поставено на кинескиот јутјуб-канал „Бизарен свет“ уште во јуни. Снимката над пирамидите во Египет ја споделиле корисници на социјалните мрежи кои расправале за разни теории на заговор и идејата за тоа дали станува збор за природен феномен или пак НЛО со вонземјанско потекло.
Нема сомнение дека предметот на снимката е вонземски, но мислењата се разликуваат за тоа дали станува збор за природен феномен или за производ на интелигентен живот.
https://www.youtube.com/watch?v=amHQn9Wc3_E