
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција му постави прашања на премиерот Зоран Заев, на кои, според опозицискиот лидер, Заев е должен да одговори:
1.Какви докази крие семејството на еден од осомничените, а кој говорат во некои од медиумите од соседството за криминал на власта и Зоран Заев?
2.Кој се е вклучен во таа белградска врска на мешетари собрани и платени со македонски државни пари?
3.Каде завршува куфер политиката и кои се луѓето што на крајот од денот се офајдиле со сумите кои што се резултат на куфер политиката
4.На што се должи заладувањето на реториката кон Катица Јанева и Бојан Јовановски со кого чести средби имал и Зоран Заев?
5.На што тоа се мисли кога еден од осомничените ќе каже дека Зоран Заев е информиран за се?
Понатаму Мицкоски додаде:
„На ова не верувам дека Зоран Заев директно ќе одговори исто како што не одговори и на моите директни прашања кои ги поставив на една прес конференција на почетокот на овој скандал, затоа што рибата мириса од главата“.