
Историјата на еден виц, кој уствари и не e, туку е вистинска случка, со кратка историска прибелешка за едно време, да не речете, „кратка ти е колумната пеер“.

Со колегата диџеј, успеaваме да станеме некаде наредниот ден после голема теревенка у МНТ цирка 1990-та, околу 15, 16, часот. Не страшно прегладнети, оти со темни научари на фацата бевме претходно на бурек у 8 сабајле кога заврши журката која ја возевме рамно 10 часа, пред околу 3.000 луѓе, што сака да каже 300 продадени карти, оти времето на Пиже и Зеко беше само да се домкне народ, а газдите абдали мислеа дака така е боље. Е, не, будали како секаде у свет секој да плаќа карта. Затоа до ден денес, навиките на гратиси и гага се слеаа во секој сегмент на живеачкава. Иако глумат лудило и огранизаторите на концерти и настани, самите си знаат колку гратиси делат на секој настан, а постојано кукаат зошто овде не ја бива. Е, па, гратис нација.
За потврда, не боља „гагастока“ беше и на денес непостоечката, мислам веќе не емитува на ФМ трансмисија туку само на интернет, 103-ка, кога од кРташак делев гратиси за МИНАТОНЕДЕЛЕНАТА журка, што го нагласив 200 пати!! Колку се јавија? 140 јавувања!!! Го чувам списокот на цреповите. А, и денес, организаторите на забави, концерти си ги знаат списоците, ќе им бапнат спонзорство пар тисуча и ќе мора да поделат вреќа гратиси. Не се они криви, така е научен народов, да добие, а да не даде ништо и самите се криви оти така го научија. Како беше НО ФАКИНГ ГРАТИСИ? Ха, ха, ха…Колку сакаш и до врата ти ги носи два дена после изјавата, ама мораат кутрите.
Нејсе, вицот де!
Да се вратам на вицов… будуче деновиве многумина чистунци се гнушаат за некои зборови јавно кажани, кои на маса 100 пути ги кажуеме уз мезе ама само у бирцузи, не на фини места. Значи ко две вуцибатини бараме некоја ќебачилница, и наоѓаме еден ќумез отворен, недела ли беше, празник ли беше…? Влегуваме, доаѓа келнер ко да излегол од машинска соба со пуцвал у џеб. Нема изволте, повелете, само со муцката знојава нагоре и сурат „што сакате?“ мимика од која треба да сфатиме дека имаме слободно да му се обратиме.
– Две десетки со кромид, салата и пиво – нарачавме
Стигна пиво, топло нормално, салата рамно исецкани 8 полу-резанки од домат, ама ние бевме таф копиљана, главни у градот и мадерфакери, ама на непознат терен. На спротивната маса маж и жена, со габарит, ко ја у најбољи дани, за жената, зборам, а мужот како мастадонт предок на Цацко. Со локви под мишките, чорапи на нозете во сандала, среде лето, а мужот со пешкир околу вратот, лапаат количини достојни на Гаргантуа. На руката имаш УСПОМЕН ИЗ ЈНА, ама не видов дали и мужот има тетоважа,…. се заебаам, пеери бе… У тој моменат улетува една сподоба, уваљана у коломаст, со хебла у руки нервозна доаѓа над нивната маса се потпира, им зема од ајнцертот пун со ќебапи комада четири со три прста, ги убутуе у уста, а со процепот МАЈСТОРЧЕ рамно напупен накај нас и почиње да му збори со пуна уста, додека ние се напињаме да не прснеме од смеење.
– Слушај бе ти стоко, како можеше издишана резервна да ми дадеш, да ти јебем све по списак… соопшроштењем на госпожата, па биваше ли вака да ми направиш, пичкалитилепаматерина, сопроштење на госпожата. Заеш шо, сопорпштењем на госпожата, кУр мој ќе добиеш утре купони за гориво, а само побарај датијебем, сопроештењем на госпожата, по списак сведатијебем…
Толку беше, синхронизирано се разурлавме од смење, фрливме пари, недојадени излеговме, не можевме да се смирим од смеење, па едно пола саат. Вечерта земавме слободно и имаве турнеја по сите кафичи и од маса на маса, го прераскажуваме настанот и сите со иста рекација.
Поента? Дали сте бре нормални поента у денешно време? Се е ЦИРКУЗ И ВИЦ!
Автор: Јанко Илковски за НетПрес