
Индиските власти во неделата повторни воведоа ограничување на слободата на двожењето за поголеми делови на Шрингар, најголемиот град во сојузната држава Кашмир, по низата насилни судири меѓу населението и полицијата во текот на изминатата ноќ во кој настрадале десетици луѓе.
Во последното деноноќие се одржаа низа протести против одлуката на владата во Њу Делхи од 5-ти август да ја укине автономијата на Кашмир, единствен индиски регион со муслиманско мнозинство на кој полага право и Пакистан и поради што двете земји досега двапати војуваат. Протестите беа одржани и покрај тоа што рестриктивните мерки на властите беа ублажени во саботата утрото.
Индиската влада порача дека последните две седмици полицискиот час не бил на сила, но движењето на населението во неделата било ограничени со барикади на неколку места во градот поставени во текот на последните неколку часа. Припадниците на безбедносните сили на поедини барикади на граѓаните им кажале дека на сила е полициски час.
Двајца високи владини функционери рекле за Reuters дека најмалку дваесетина луѓе биле примени во болниците со повреди од гумени куршуми, откако во историскиот дел на градот во саботата вечерта избувнае насилни судири. Претставници на владата на сојузната држава Џами-е-Кашмир во Шринагар и на федералната влада во Њу Делхи сѐ уште немаат одговор за последните судири и бројот на повредените. Еден неименуван официјален извор рекл дека жителите со камења ги гаѓале безбедносните сили на неколку десетина места во Шринагар. Додал дека интензитетот на протестите и нападите со камења последните неколку дена се засилил.