Договорени аргументите меѓу надлежните за утрешниот состанок во Приштина

Зад затворени врати се кординираа ставовите на министрите за економија и земјоделство, и директорите на Агенцијата за храна и Царинската управа за ситуацијата со Косово, по забраната на Приштина за увоз на македонски мед и компири. Нема детали што било договорено и со што утре министрот за економија Крешник Бекташи ќе настапи на состанокот со својот колега Едрит Шала во Приштина. Македонските производи ги задоволуваат светските стандарди и нема основа косовските власти да ставаат забрана посочува директорот за храна и ветеринарство

„Македонските производи ги задоволуват светските стандарди, највисоките страндарди што се бараат од Европската Унија, компирот исто така брзо за некој месец, два ќе добие дозвола за извоз во Европска Унија и ние ќе побараме од косовските власти во текот на утрешниот ден со аргументи, врз основа на кои меѓународни стандарди ја воведуваат оваа забрана“, рече Зоран Атанасов- директор на Агенција за храна и ветеринарство.