
Екипата на Вардар го одигра првиот натпревар пред домашна публика. „Црвено-црните” во пријателски натпревар триумфираа со 32-30 (20-13) против Еурофарм Работник.
Во текот на целиот меч вардарци имаа водство, па тренерот Давид Писонеро имаше можност да им даде шанса и на помладите.
Дибиров беше најефикасен со 8 гола, а Скубе и Чупиќ постигнаа по 5. Радовиќ беше најдобар кај битолчани со 6 погодоци.
На мечот не настапија Стојанче Стоилов, Жозе Толедо и Павел Атман. Во екипата на Вардар шанса за играње добија и Гашовски, Карапалевски, Кукуловски и Ќосевски.