
Шкотланѓанец на денот на својата свадба доживеал страшен пад по кој завршил во кома, а потоа не можел да се сети на својата избраничка, пренесува весникот Scottish Daily Record.
Крис Малон, 49-годишен жител на областа Вест-Лотиан, му помагал на службеникот во хотелот да ги префрли добиените свадбени подароци во апартманот за малдоженци. Мажот се сопнал по скалите и паднал преку оградата паѓајќи од височина од речиси четири метри.
Мажот се здобил со скршеници на черепот, грбот, рацете и рамењата, а исто така имал повреди и на срцето и белите дробови. Лекарите ја споредиле неговата состојба со повреди здобиени при тешка сообраќајна несреќа.
Малон минал десет дена на болничкиот оддел за интензивна нега. Кога конечно излегол од комата, лекарите откриле дека тој делумно го загубил сеќавањето.
„Забележав, кога си дојде на себеси, дека тој беше многу, многу збунет, па дури и не знаеше дека сме во брак“, раскажала за новинарите неговата сопруга 43-годишнатра Аврил.
За да го потсети сопругот на свадбената свеченост, Аврил започнала да ја потпевнува мелодијата на којашто младенците танцувале за време на свадбата. Тогаш и Крис почнал да потпевнува, и сеќавањата почнале постепено да му се враќаат.
Потоа несреќниот младоженец бил под лекарски надзор уште неколку седмици. Во меѓувреме заболел од пневмонија, и морал да биде приклучен на вештачки бели дробови.
Според првичните процени на лекарите, биле потребни осумнаесет месеци за негово закрепнување, но тој веќе по еден месец се вратил дома. На Малон уште му е забрането да се занимава со спорт и каква и да е интензивна физичка активност. Го загубил слухот на левото уво, останал без чувството за мирис и престанал да го чуврстува вкусот на храната.