
Францускиот фудбалер Франк Рибери на крајот од минатата сезона го напушти Баерн Минхен откако му истече договорот.
Рибери во дресот на Баерн ги помина најдобрите денови од својата кариера и ги освојуваше сите можни услови.
После 12 години верност Французинот одлучи да не ја продолжи соработката со баварскиот гигант и ова лето е слободен агент.
Иако сезоната во поголемиот дел од шампионатите е веќе започната, овој 36-годишниот фудбалер сеуште нема ангажман.
Италијанските медиуми, поточно новинарот Џанлука Ди Марцио чии информации се скоро веродостојни, објави дека в среда Рибери ќе оди на лекарски прегледи во Фиренца и потоа потпише договор на три години со Фиорентина.