
Легендарниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ ја предводи листата на четворица кандидати кои се номинирани за влез во Меѓународната тениска куќа на славните.
Покрај Иванишевиќ, за влез се борат и легендарната шпанска тенисерка Кончита Мартинез, двократниот освојувач на Ролан Гарос, Серџи Бругера и специјалистот за дублови Јонас Блоркман.
Иванишевиќ е познат по својот сервис-волеј стил на игра, а најголем успех во кариерата му е триунфот на Вимболдон 2001 година. До денеска, тој е најлошо рангиран тенисер кој ја освоил титулата на Вимболдон, а единствен е кој стигнал до трофејот на некој Гренд Слем со специјална покана. Меѓу неговите успеси се и бронзен медал во сингл и дубл на Олимписките игри во Барселона 1992 година.
Откако ја заврши кариерата Иванишевиќ се посвети на тренерската работа и соработуваше со Марин Чилиќ, Томаш Бердих и Милош Раониќ, а од Вимболдон работи со Новак Ѓоковиќ.