
Италијанскиот претседател Серџо Матарела ги започнува разговорите со политичките партии за наоѓање начини за излегување од политичката криза, откако во вторникот премиерот Џузепе Конте поднесе оставка.
Во говорот во горниот дом на италијанскиот парламент Сенатот во вторникот, претседателот на владата Џузепе Конте рече дека работата на неговата влада „тука завршува“ поради разијдувањата со вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Матео Салвини, челник на десната партија Лига. Го обвини Салвини дека ја поткопал коалицијата со неговото антиестаблишмент Движење пет ѕвезди (М5Ѕ) и ја ставил во опасност економијата поради сопствени интереси и политички профит.
Салвини на 8-ми август ја раскина коалицијата на неговата Лига со М5Ѕ, велејќи дека е заморен од кавгите со коалицискиот партнер со кој се спореше и поради големите проекти, како што е градењето на брзата железничка линија Луион – Торино. Тогаш објави дека повеќе нема мнозинство и побара распишување предвремени парламентарни избори за оваа есен, потпирајќи се на победата во мај за Европскиот парламент и на популарноста на неговата партија во анкетите, која се движи меѓу 36 и 38 отсто поддршка, што би претпоставило негова сигурна изборна победа и добивање на премиерската позиција.
Претседателот Серџо Матарела консултациите ги започнуваат во средата и тие треба да траат најмалку до четвртокот попладнето, објави кабинетот на италијанскиот претседател во дворецот Квиринале. На консултациите Матарела ќе се обиде да утврди дали има можност да се состави нова влада или ќе морада да распише предвремени избори, три и пол години пред редовниот термин во кој треба да се одржат.
Со оставката на Конте, Италија остана без влада и влезе во период на неизвесност во кој клучната улога ја има претседателот Матарела. На повидок се неколку можни опции, меѓу која е и шефот на државата да побара од Конте да остане на чело на министерскиот кандидат и да ја води преодната влада. Матарела ќе се сретне со сите парламентарни партии, во одделни средби, за да оцени дали може да биде формирана нова владејачка коалиција. Консултациите ќе започнат во 16 часот во средата со лидерите на помалите партии, додека разговорите со челниците на главните партии ќе се остварат во четвртокот попладнето.
Политичаир од М5Ѕ и од левичарската Демократска партија (PD) отворено заговараат формирање нова коалиција која Лига би ја ставило во опозиција и на Италија би ѝ дала повеќе центристичка проевропска влада. Но тоа ја крие опасноста за Движењето пет ѕвезди кое го формираа сатиричарот и блогер Бепе Грило и веб стратегот Џанроберто Казалеџо во 2009 година, да продолжи со губењето на поддршката од гласачите (на избоите во 2018 освои 32,7 отсто од гласовите) на кои им се претстави како антиестаблишмент и евроскептичен политички субјект кој сѐ уште поединечно е најсилната групација во парламентот. Доколку не успее формирањето коалиција меѓу М5Ѕ и PD, реално е да се очекуваат есенски парламентарни избори. Водството на ослабената и разединета Демократска партија се среќава во срадата попладнето за да дискутира за можното коалицирање со Движењето пет ѕвезди.
Салвини во вторникот изјави дека на претседателот Матарела ќе му ја повтори решеноста за одржување нови парламентарни избор, и ги обвини другите партии дека сакаат да склучат договор бидејќи се плашат од нови избори.