
Предмалку по наредба на првиот човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција, обвинителката Вилма Рускоска, полајци ја уапсија специјалната обвинителка Катица Јанева.
Информацијата е потврдена од Oбвинителството, а се дознава дека Катица е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластуваањата.
Апсењето следуваше откако Катица Јанева беше сослушана за случајот „Рекет“ вчера во присуство на адвокат.
Засега нема информации дали истрагата е проширена и на други лица.
Наредната локација на која полицијата ќе врши претрес е канцеларијата на Катица Јанева во СЈО, по што ќе следи понатамошна судска постапка.
Во 14 часот е закажана прес-конференција во ЈОРМ на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, неговата заменичка Лилјана Спасовска и шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска.