Му нашле „357 Магнум“ во возилото

СВР Скопје поднесе кривичнa пријавa против И.К.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 13.08.2019 на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле пишол, рамка и празна кутија за муниција. Додека, при претрес во домот на пријавениот бил пронајден и одземен револвер „357 Магнум“ калибар 4,5 мм и шест куршуми.