-3.2 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Нина Ангеловска од „Групер“ ќе биде нова министерка за финансии?

Следуваат промени во владиниот кабинет. На чело на Министерството за финансии во трка се три жени, Нина Ангеловска, Татјана Штерјова и гувернерката Анита Бежовска Ангеловска, а неофицијално, предводи Нина Ангеловска, ко-основач и извршен директор на платформата „Групер“, пишуваат медиумите.

Од разрешувањето на Драган Тевдовски во јуни, со Министерството за финансии управува заменик-министерката Ширет Елези, а политиките во овој ресор ги води премиерот Зоран Заев. Заев првично предложи тој да биде и министер за финансии, но од Антикорупциската комисија излегоа со мислење дека тој нема право биде и премиер и министер.

Според сѐ уште неофицијални информации, од фунцијата заменик министер за економија ќе се повлече Кире Наумов. Тој заминува на друга позиција во Македонската Банка за подршка на развој, а на негово место, во ресорот што го предводи Крешник Бектеши доаѓа една од кандидатките кои се споменуваат за финансии.