Полиција влезе во домот на Катица Јанева

Бројни полициски сили пред малку влегоа во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева во населбата Козле во Скопје.

Блокирана е и улицата каде се наоѓа домот на обвинителката. Неколку ТВ екипи се на терен, повеќе информации набрзо.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, по вчерашниот повеќечасовечасовен исказ во Обвинителството за организиран криминал, била забележана на прошетка на кејот на Вардар, а по прошетката, во доцните часови вечерала во еден од рестораните на скопскиот кеј.

Јанева во вторникот беше на распит во обвинителството за случајот „Рекет“ и не сакаше да открие детали. На прашањето дали знае кај завршиле парите, Јанева одговори потврдно -„да“.