
Со цел подобрување на движењето на граѓаните и трговијата и олеснување на сообраќајот преку државната граница помеѓу Северна Македонија и Србија, вчера во Скопје беа потпишани засебни протоколи за имплементација на Спогодбата за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево, помеѓу надлежните институции на двете земји.
Како што соопшти МВР, потпишувањето на протоколите следува по парафирањето на Договорот меѓу владите на Република Северна Македонија и Република Србија во Белград на 12 јули за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце-Прешево од страна на министерот Оливер Спасовски и на неговиот српски колега Небојша Стефановиќ.
На потпишувањето на протоколите делегациите ги предводеа државните секретари на двете министерства Магдалена Несторовска и Милосав Миличковиќ.