Приведени и двајца политичари покрај Јанева?

Според информации на Алсат, покрај специјалната обвинителка Катица јанева, денеска се приведени и двајца политичари поврзани со случајот „Рекет“.

Според непотврдени информации, приведена е и шефицата на кабинетот на Јанева во Специјалното јавно обвинителство.

Во моментов се вршат претреси на куќата во која живее Јанева во скопската населба Козле, како и канцеларијата на специјалната обвинетелка.

Засега нивните имиња не се откриваат, но од Основното јавно обвинителство прес конференција најавија за во 14:00 часот.