Се врши претрес во канцеларијата на Јанева во СЈО и во нејзиниот дом во Гевгелија

Голем број полицајци го опколија домот и ја затворија улицата во скопската населба Козле каде живее Катица Јанева, а Обвинителството во меѓувреме потврди дека по нивна наредба обвинителката Јанева е приведена.

Од својот дом предмалку беше одведена без лисици на рацете, во необележано полициско возило.

Според последни информации, во моментов се вршат претреси во просторите на СЈО, во присуство на Катица Јанева, како и во нејзинот дом во Гевгелија.

Таа вчера даде исказ пред Обвинителство за случајот Рекет.