
Осман Дембеле повторно направи огромен проблем во Барселона.
Францускиот фудбалер не се пријавил на лекарскиот тим дека е повреден и потоа отпатувал во татковината за да се одмори со фамилијата.
Со тоа што не се пријавил кај лекарите ги прекршил правилата и му следи жестока казна.
Раководството на Барселона сериозно размислува да го „удари по џебот“ Дембеле. Според правилата може да остане неплатен помеѓу 11 и 30 дена, а тоа би можело скапо да го чини.
Ако биде минимална суспензија од 11 дена, ќе го чини 360.000 евра, а ако биде суспендиран на цел месец, износот ќе биде неверојатни милион евра.
Парична казна му се заканува без обзир дали ќе се донесе одлука за суспензија. За овој потег казната е 215.000 евра, бидејќи пропуштање на лекарски преглед се смета за сериозен прекршок.