
Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо изјави дека политичките опоненти на претседателот Николас Мадуро нема да учествуваат на предвремени избори.
– Секои избори додека Мадуро е на власт би биле фарса, посочи Гуаидо.
Актуелната власт во Венецуела најави парламентарни извори на почетокот од идната година.
Во 2015 година, опозицијата освои двотретинско мнозинство во Конгресот и ја презеде контролата врз Парламентот првпат по 16 години.
Владата на Мадуро не призна ниту една од одлуките на Парламентот, а Врховниот суд ја поништи секоја одобрена мерка.
Изборите за Конгресот се одржуваат на секои пет години и не се предвидени пред декември 2020 година.