
По двата воведни порази фудбалерите на Астон Вила ја впишаа првата победа во новата сезона, на отворањето од третото коло во петокот вечерта на домашен терен го совладаа Евертон со 2:0.
Погодоците за некогашениот европски шампион, кој се врати во Премиер лигата по три години, ги постигнаа Весли Мораес во 21 и Андав Ел Гази во петтата минута од судиското продолжение.
За Евертон ова беше првиот пораз во првенството, по победата и ремито во првите две средби.
Во сабота на распоред се натпреварите Норич – Челзи, Брајтон – Саутемптон, Манчестер Сити – Кристал Палас, Вотфорд – Вест Хам, Шефилд – Лестер а во вечерниот термин се игра дербито Ливерпул – Арсенал. Во недела програмата ја отвора Борнмунт – Манчестер Сити, Тотенхем – Њукасл и Волфс – Барнли.