Србин и Турчин уапсени на скопскиот аеродром

Две лица, српски и турски државјанин, се приведени вчера на „Меѓународен аеродром Скопје“ во Петровец, при обид да влезат во Македонијаа.

Од МВР информираат дека во 17,30 часот при вршење на пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Б.З.(24) од Р.Србија евидира со мерка “А” (апси).

Второто уапсено лице е 61 годишниот Р.С. од Турција. По 21 часот при негова контрола била констатирана мерка „Апси“.

Двете лица се предадени на СВР Скопје за понатамошна постапка.