
Вчера на локалниот пат помеѓу скопските села Петровец и Огњанци се случила сообраќајна незгода помеѓу „голф“ управуван од А.С.(34), „рено еспејс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.А. (63) и „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И.(52), тројцата од село Огњанци. Во незгодата полесни повреден здобил А.С., а потешко бил повреден неговиот сопатник А.А. (55). Двајцата со возило на Итна помош биле пренесени во градската општа болница „Св. Наум Охридски“.