
Две лица кај кои е пронајдена наркотична тревкаста материја синоќа се приведени во паркот на Гази Баба. Како што пренесуваат од МВР:
На 21.08.2019 во 21,20 часот од полициски службеници од СВР Скопје во парк шумата Гази Баба биле лишени од слобода Ф.К.(21) од Скопје и Е.А.(23) од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив е пронајдена марихуана. Двајцата биле приведени во Полициската станица Гази Баба и по целосното расчистување ќе следи соодветен поднесок.