
Во неизвесна трка и возбудлив финиш, втор на целта пристигна нашиот Евгениј Поп Ацев, кој изби на првото место на светската табела, минувајќи го Италијанецот Стокино, кој во Охрид заврши на 4-то место. Франческо Џетини, минатогодишниот победник, трката ја заврши на третото место.
Инаку, Аксел Рејмон триумфираше во Охрид и во 2013 година.
„Задоволен сум од трката, мојата тактика да бидам на подиум и да пливам со Рејмонд рамо до рамо. На крај имав слила да испливам до второто место и среќен сум што сега сум прв во севкупниот пласман. – изјави по трката Евгениј Поп Ацев.
Маратонот во Охрид е четврта трка во рамките од Ултра пливачка серија под капата на Фина.
Вкупниот награден фонд на 33-от Охридски пливачки маратон е 15 000 долари, а покровител на спортската манифестација е Претседателот на Пливачка федерација на Северна Македонија, Стево Пендаровски.