
Мерката притвор од 30 дена на Јанева и беше доделена поради можност од бегство, влијание врз сведоци и инволвирани во истрагата за предметот „Рекет“ и уништување на докази.
Директорот на истражниот затвор Скопје, Есад Рахиќ, за „Радио Слободна Европа“ изјави дека „Катица Јанева е во посебен оддел, со уште една приведена. Таа не е во женското одделение, таа е во посебен оддел поради безбедносна проценка на затворската управа“.
Тоа се поголеми оддаи да не речам ќелии во кои има по 4, 5 до 6 жени. Знаете, малку е незгодно, има различни профили на жени, имате женски лица осудени за убиства, имате за изнуда, знаете малку е тешко да вклопите еден таков профил како Јанева меѓу тие лица. Но ние си ја вршиме нашата работа, таа е сместена на најдобар начин на кој ние можеме да сториме, вели Рахиќ во изјавата за Радио слободна Европа