Војската во битка со пожарите во Амазонија, Трамп понуди помош

Со посебен указ бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ѝ нареди на војската да помогне во борбата со пожарите во Амазонија.

– Бразилските сили од сабота ќе се распоредат во пограничните подрачја и во други погодени области во Амазонија, стои во соопштението.

Европските лидери извршија силен притисок врз бразилскиот претседател. Франција и Ирска се заканија дека нема да потпишат големи трговски договори со јужноамерикански земји, доколку Бразил не стори повеќе во борбата со пожарите.

Во меѓувреме и американскиот претседател Доналд трамп разговарал со Болсонаро и понудил помош за гасењето на пожарите во Амазонската прашума.

– Штотуку разговарав со претседателот на Бразил.Нашите изгледи за идна трговија се возбудливи и нашиот однос е силен, можеби посилен од кога и да е порано – објави Трамп на Твитер и додал дека понудил помош во гасењето пожари.