Две лица уапсени во Грција поради подметнување на пожар

Грчката противпожарна служба соопшти дека денеска на Пелопонез биле уапсени две лица на возраст од 47 и 43 години, поради сомнеж дека подметнале пожари, како и дека едниот од уапсените го направил тоа три пати во период од една недела, пренесе „АП“.