
Во последниот неделен натправар од второто коло на германското фудбалско првенство, Волфсбург со убедливи 3:0 ја совлада Херта во Берлин, а претходно РБ Лајпциг на свој терен беше подобар од Ајнтрахт со 2:1.
Водечкиот погодок за Волфсбург го постигна Вут Вегхорст во 9 минута од пенал, а во финишто од мечот хрватскиот репрезентативец Јосип Брекало имаше два одлично потега кога во 82 минута по соло продор по левата страна погоди за 2:0, а во првата минута од судиското продолжение му асистираше на Џером Русиљон за конечните 3:0.
РБ Лајпциг со головите на Тимот Вернер во 10 и Јусуф Поулсен во 80 минута поведе со 2:0 против франкфуртски Ајнтрахт за кого почесниот погодок во 89 минута го постигна Гонсало Пациенсиа.