
Одговарајќи на прашањето, што српската Влада презема за да се справи со лажните вести во тамошните медиуми, и дали Владата на Брнабиќ реагирала посебно во контекст на аферата „Рекет“, српската премиерка рече дека нивниот одговор е фокусирање на конкретни работи кои треба да ја истакнат соработката меѓу двете држави.
-Феноменот на лажни вести постои во целиот свет и тоа е феномен на современото време, комуникација на социјалните мрежи. Тие ни одземаат многу време и енергија и имате дилема дали да ги објаснувате лажните вести или да работите во интерес на граѓаните. Ние се трудиме секогаш да се фокусираме на конкретни работи како што е ова денес, што може да придонесе за подобар квалитет на животот на граѓаните и се надеваме дека граѓаните ќе можат да препознаат што е лажна вест. Лажните вести се нешто со што политичарите морат да се справат и тоа ќе биде еден од проблемите за кој треба да побараме заеднички институционален одговор, рече Брнабиќ на прес конференцијата со премирот Заев.
Премиерот Заев рече дека лично тешко му паѓаат сите лаги и невистини, и се согласи дека мора да се најде институционален одоговор, паралелно со одржувањето на традиционално добрите дноси меѓу двете земји.
-Нема да дозволиме одредени медиуми со ширење лажни вести да ги нарушат нашите добрососедски односи. Тешко ми паѓаат лагите и невистиите и се обидуваме низ вистината да ги дадеме одговорите. Лажните вест можат да уништат инегритет и достоинство на личност и на цело семјество. Досега најсериозна алатка против лажните вести е вистината, рече Заев.