
Еден полицаец пукал со својот службен пиштол за време на вчерашните протести во Хонг Конг, а тоа е првата употреба на вистинска муниција откако започнаа протестите во овој град во јуни.
На фотографиите кои осамнаа на социјалните мрежи и сите светски медиуми, може да се видат и другите припадници на полицијата како држат вперено огнено оружје кон демонстрантите кои што носеа метални шипки.
Исто така, вчерашниот беше и првиот протест на кој полицијата употреби водени топови со цел да ги растера демонстрантите кои протестираат веќе неколку месеци.
Од полицијата соопштија дека полицаецот пукал со својот пиштол со цел да ги предупреди демонстрантите и додадоа дека неколку полицајци биле одведени во болница.
Демонстрациите во Хонг Конг започнаа во јуни после предложениот закон за екстрадиција на граѓаните на Хонг Конг во Кина, а иако тамошната влада веднаш после првите масовни протести го повлече контроверзниот закон, протестите се уште траат и народот бара распуштање на владата.
[youtube https://www.youtube.com/watch?v=2fgA7mJKHdA]