
Во текот на вчерашниот ден за гаснање на пожарот биле ангажирани вработени од Шумско стопанство (ШС) Галичица, ШС Кичево и ШС Ресен, со специјализирани возила за гасење, 10 пожарникари со три возила од ТППЕ Охрид како и два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување.
Пожарот во Опеница, кое се наоѓа на 8 километри од Охрид, избувна во саботата, а силниот чад се ширеше накај градот. Поради тешко пристапниот планински терен, гаснењето на пожарот е отежнато.