
Стотици компании се преселиле од Велика Британија во Холандија или основале канцеларии за да останат во рамките на Европската унија по планираното излегување на Велика Британија од ЕУ, објави холандската државна агенција во понеделникот.
Слични потези се разгледуваат и во други 325 компании загрижени за губење на пристапот до пазарот на ЕУ по Брегзит, додаде холандската агенција за странски инвестиции. „Постојаната растечка неизвесност во Велика Британија и растечката можност за Брегзит без договор им даваат на овие компании голема економска главоболка“, рече Јерон Нијланд, комесар во државната агенција НФИА.
Затоа, според него, сè повеќе компании се свртуваат кон Холандија како можна нова база на европскиот пазар.
Станува збор за компании во сегментот на финансии, информатичка технологија, медиуми, рекламирање, биологија и здравје, се вели во соопштението на агенцијата.
Германија, Франција, Белгија и Ирска се најголеми конкуренти на Холандија во привлекувањето на почетни компании заради Брегзит.
По преземањето на функцијата премиер минатиот месец, Борис Џонсон рече дека ќе ја извади Велика Британија од ЕУ на крајот на октомври, со или без договор, потсетува Ројтерс.