
„Со секој изминат ден довербата во истрагата за случајот „Рекет“ и довербата во Вилма Русковска се сѐ помали. Истрагата е целосно компромитирана. После денешната изјава на Вилма Русковска јасно е дека таа нема намера да ги изведе пред лицето на правдата главните актери во случајот „Рекет“, сите ги знаат кои се. Јасно е дека Вилма Русковска застана во одбрана и на Зоран Заев, и на Кики, и Фрики, и на Шеки и на сите функционери на СДСМ инволвирани во политичко – медиумско – обвинителскиот рекет, рече на прес конференција, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Додаде : -Да ја убедуваш јавноста дека нема инволвирани политичари и дека Боки 13 ја немал поддршката од власта при рекетирањето е дрскост и потценување на интелигенцијата на граѓаните. Да ја убедуваш јавноста дека сите фотографии, средби, меморандуми, сите состаноци и вечери на Боки 13 со функционерите на власта не постоеле или биле чиста случајност е срамно и недостојно за некој што треба да биде репрезент на правдата и да ја репрезентира правдата во Република Македонија“. Срамно и просто неверојатно за никого. Едно е јасно. Обрачот се стега околу главата на криминалниот октопод и кога тогаш ќе мора да падне. Јавноста веќе нема верба во ова обвинителство на Русковска и Јовевски. Диктатот на Заев под кој работат намерно ја развлекува истрагата за да се спасат сите инволвирани политичари. Развлекувањето на истрагата повеќе од 4 месеци значи само едно, а тоа е забошотување на целиот случај во корист на СДСМ и рекетарите“, рече Арсовски.