
„Медена земја“ е избран за македонски кандидат за Оскар – документарецот во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов.
Во домашната конкуренција беа и филмовите: „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска, „Еј“ во режија на Васил Христов, „Дедо и внук“ во режија на Илија Пиперковски, „Боите на Преспа“ во режија на Перо Попов и „Џезмен“ во режија на Аљоша Симјановски.
„Медена земја“ освои многу награди, а триумфираше на фестивалот „Санденс“ каде беа наградените и снимателите Фејми Даут и Самир Љума.