Пред покраинските избори во Германија, AfD се израмни со двете најголеми партии

Четири дена пред локалните избори во германските сојузни држави Бранденбург и Саксонија испитувањата покажуваат дека крајно десната евроскептична партија Алтернатива за Германија (AfD) е издрамнета според поддршката од гласачите со двете најголеми политички партии во земјата.

Во Бранденбург, источната покраина којашто ја опкружува германската престолнина Берлин, Алтернатива за Германија (AfD) и Социјалдемократската партија на Германија (SPD) имаат по 21 отсто поддршка, покажува анкетата што ја спровела агенцијата за социолошки истражувања Insa, а во вторникот ја објави весникот Bild. И двете партии изминатите месеци бележеа раст на довербата кај гласачите.

Во Саксонија, пак, во водство е Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, која има четири процентни поени предност пред AfD, односно 29 наспроти 25 отсто поддршка.

Во Бранденбург CDU падна на 17 отсто, крајна левата партија Левица има 15, а Зелените 14 отсто, што значи дека моменталната коалиција меѓу SPD и Левица во оваа сојузан држава нема да успее да ја формира новата влада.

Во Саксонија, пак, SPD е на минималните 8 отсто поддршка, зад Левица и Зелените кои имаат 15 односно 11 отсто поддршка. Тоа значи дека ниту во оваа германска сојузан држава нема да може да се одржи актуелната владејачка коалиција меѓу CDU и SPD.

Партијата AfD, формирана пред речиси четири години како евроскептична и противник на еврото во септември 2017 година стана најсилната опозиција партија во Бундестагот наспроти големата коалиција на конзервативците и социјалдемократите, а нејзини претставници влегоа во сите покраински парламенти.