
Во сообраќајна незгода што се случи вчера во близина на грчкиот град Александруполи, животот го загубија шест мигранти, откако во возилото во кое се пренесувале изгубило контрола и излетало од патот.
Доцна синоќа од Министерството за здравство на Грција соопштија дека од 18-те лица кои што се пренесувале во возилото, шест го загубија животот, а од останатите 12, двајца се сериозно повредни, jави дописничката на МИА од Атина.
Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на свои извори, објави дека полицијата веднаш по несреќата уапсила две лица, кои веројатно се криумчарите и кои се обиделе да побегнат од местото каде што се превртело возилото.