-3.2 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Зоолошка градина слави 93 години постоење

На 1-ви септември, ЈУ Зоолошка градина Скопје, слави голем јубилеј- 93 години од постоењето на градината. По тој повод, на 1-ви септември во ЗОО Скопје ќе има голема роденденска забава за сите посетители, но и вредни подароци.

– Дента, ќе биде отворено и првото „Baby ZOO” катче каде што децата ќе учат нега и одгледување на мали животни и ќе се едуцираат околу нивното хранење во присуство на стручни лица од зоолошката.  Со почеток од 17 часот, ќе се забавуваме со Златно Славејче, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, а тука ќе бидат и Дизни Маскотите.
За најсреќните посетители подготвивме супер подароци- Електричен мотор, фамилијарно патување со Фибула и едногодишна стипендија по ментална аритметика во Малац Генијалац, соопшти ЗОО.

До роденденот, сите посетители имаат шанса да станат  потенцијалени добитници на некој од подароците. Се што треба да направат е при посета во зоолошка, на билетарата да побараат купон, да го пополнат и да го стават во кутијата која се наоѓа на влезот.  Извлекувањето ќе биде во живо, на 1-ви септември во склоп на големата роденденската забава.