
Екипата на Вардар убедливо го совладаа тимот на Саса со 5-0 во Македонска Каменица и се пласираа во 2. коло од националниот фудбалски куп.
Цветаноски постигна два гола, по еднаш прецизни беа Ибиши, Игнатов и Аврамовски.
Со денешната победа на Вардар познати се 16-те учесници во втората рунда во која пласман обезбедија сите прволигаши и сега ќе ја чекаат ждрепката за осминафиналните пресметки.