
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.Ш.(49) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори“. На 22.08.2019, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на улица „Мара Угриноска“ во Гостивар, при што пронашле и одзеле хероин .