Трамп: САД во Авганистан ќе задржат 8. 600 војници по договорот со талибанците

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека доколку се постигне договор со талибанците, бројката на американски војници во Авганистан ќе се намали на 8.600, и тоа ќе биде постојаниот контингент што ќе остане во земјата, пренесоа француските медиуми.
-Ќе ги намалиме на 8.600 и тогаш ќе постигнеме решение, изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“.
„Секогаш ќе бидеме присустни во Авганистан“, категоричен е американскиот претседател.

Трамп истовремено предупреди дека доколку има напади врз САД од Авганистан, „ние ќе се вратиме со сила каква што никогаш досега не била употребена“.