
Министерството за култура потврди дека службеното возило „пасат“ на министерот за култура Хусни Исмаили попладнево имало сообраќајна незгода пред наплатната рампа Тетово – Гостивар.
– Покрај „пасатот“ на Министерството за култура, во сообраќајката учествуваше и товарно возило. При несреќата нема повредени лица, сите учесници се во добра здравствена состојба, единствено е причинета материјална штета. Увидот на сообраќајната полиција е во тек, соопшти Министерството за култура.
Според СВР Тетово, во „пасатот“ имало две лица, а камионот бил управуван од Е.К (55) од Гостивар. Сообраќајката се случила на автопатот Тетово – Гостивар околу 16.30 часот.