
Синдикатот за образование, наука и култура в недела ќе соопшти дали учебната година ќе започне на 2 септрмври или ќе се одржи предупредувачки штрајк
Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски за порталот деца.мк вели дека ќе почекаат да видат што ќе се случи во текот на утрешниот ден и в недела официјално ќе кажат дали в понеделник ќе има предупредувачки штрајк. На прашањето како родителите да знаат дали детето ќе оди во училиште, повтори дека официјалната информација за предупредувачкиот штрајк ќе ја дадат в недела.
Тој најавува дека понатаму во септември доколку не се договорат со Владата, ќе следува генерален штрајк.
СОНК бара зголемување на платите на просветните работници за 25 проценти, а не за 5 отсто како што е најавено, поради што и најавуваат еднодневен штрајк на првиот школски ден доколку власта не одговори на барањата.
Од Министерството за образование и наука велат дека има можност за идно покачување на платите, но не одеднаш и апелираат школската година да не започне со штрајк.