Вип наскоро станува A1

А1 Телеком Австрија Групацијата, чиј член е телекомуникациската компанија Вип, во 2017 ја објави одлуката постепено да го воведува моќниот А1 бренд за сите свои компании, вклучувајќи го и Вип на македонскиот пазар и оттука, најверојатно во септември оваа година Вип брендот ќе биде заменет со А1 брендот.

Воведувањето на А1 брендот на сите пазари каде работи А1 Телеком Австрија Групацијата, не само што ќе ја зајакне позицијата на европскиот пазар, туку ќе им овозможи на сите А1 корисници од сите А1 пазари, доследно и единствено бренд искуство.

И покрај најавата за промена на името, сите претходно стекнати права и обврски на корисниците, деловни партнери, клиенти или добавувачи остануваат непроменети и важечки, без потреба за промена на веќе постоечките договори. Корисниците немаат потреба за замена на СИМ картичка, броеви, модеми или било каква опрема, а сите услуги и договорени процеси ќе продолжат да функционираат како и досега.

А1 Телеком Австрија Групацијата, водечкиот комуникациски провајдер во Централна и Источна Европа. А1 Телеком Австрија Групацијата обезбедува услуги (мобилни и фиксни) за приближно 24 милиони корисници вклучувајќи телефонија, безжичен интернет, мултимедијални услуги, податочни услуги, решенија во облак и ИТ услуги, решенија за наплата и дигитални услуги.