Откриен нов „микроорган“ кај човекот

Научниците од австрлискиот Институт за медицински истражувања Гарван откриле нов „микроорган“, кој е одговорен за одоговорот на имунолошкиот систен на повторна инфекција на организамот со веќе нему позната зараза, пишува порталот Science Alert.

Структурата ја нарекле „субкапсуларен пролиферативен фокус“. Експертите ја пронашле на лимфните јазли кај лабораториските глувци со помош на двофотонски ласерски микроскоп, кој им овозможува да добијат тридимензионална слика на ткивото. Подоцна истиот „микроорган“ е пронајден во човечкиот организам. Во истражувачите ја регистрирале акумулацијата на ткн мемориските Б-клетки, коишто му помогаат на имунолошкиот систем да ги „запамети“ и неутрализира инфекциите. Биолозите беа свесни за постоењето на овие клетки, но ова е првапат тие да бидат локализирани во организмот.

„Кога организмот се бори со бактериите, чиј број може да се удвои на секои 20 до 30 минути, тоа е постојана борба. Поедноставно говорејќи, доколку одговорот на инфекцијата зрее премногу долго, ќе умрете. Токму затоа и вакцините се толку важни, тие го тренираат имунитетот, така што доколку болеста се повтори, антителата се продуцираат многу брзо“, вели Три Фан, еден од авторите на студијата.

Според него, „пролиферативниот центар” е идеално лоциран за брз имунолошки одговор. Кога бактеријата повторно ќе влезе во телото, сè што е неопходно да се произведат антителата веќе е на место, додава научникот. Вели и дека ова преставува „потсетник дека сè уште има скриени мистерии во телото“ на човекот, како и дека ова откритие може да го отвори патот за развивање поефикасни вакцини во иднина.