
Забава со детски песни, театарска претстава, Дизни маскоти и други изненадувања ги очекуваат посетителите што ќе дојдат во Зоолошката градина утре, на одбележувањето на нејзиниот 93-ти роденден.
Големата роденденска журка ќе почне во 17 часот, а присутните ќе уживаат во настапите на „Златно Славејче“, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, како и со Дизни маскотите.