Пожар избувна меѓу Карбинци и Пробиштип

Гореше сува трева и нискостеблеста шума во атарите на селата Горни Балван, Крупиште и Пишица. Зафатени се повеќе ридови, а чадот можеше да се видат и од повисоките делови на градот Штип.

Командирот на Противпожарната единица во Штип, Тони Атанасов вели дека на терен биле сите пожарникари, огнот се гасни рачни пумпи и метли, бидејќи станува збор за непристапен терен. Противпожарните возила не можеа да пристапат кон теренот кој е зафтен.

Во гаснењето на пожарот се вклучени и пожарникари од Пробиштип и Кочани.