
Пожарот кај Катланово утринава е изгаснат, информираат од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје. Оттаму додаваат дека во текот на ноќта се изгаснати и сите останати активни пожари на подрачјето на Град Скопје.
Во гаснењето на пожарот кај Катланово беа вклучени 22 пожарникари и 10 возила, а на терен беше испратено и едно возило од рафинеријата „Окта“ за да им помогне на пожарникарите.